ИНТЕРЕН ОГЛАС- Уредник на програма- Информативна програма на Прв програмски сервис на МТВ

28.01.2016 09:46

Врз основа на член 21 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија (Сл.весник на Р.М.бр.41/2014) и член 66 став 1,алинеја 10 од Статутот на ЈРП МРТ бр.01-765/1 од 30.01.2015 и Правилникот за систематизација на работни места на јавниот радиодифузен сервис Македонска радиотелевизија со Табеларен приказ на работните места бр.02-3773/1 од 20.07.2012 година, Правилникот за измена и дополнување бр.02-93/1 од 08.01.2013, Правилникот за измена и дополнување бр.01-3718/2 од 11.06.2014 и Правилникот за измена и дополнување 01-7328/1 од 04.11.2014 година, Директорот на МРТ, распишува

 

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС

За  пополнување на раководно работно место

 

 

Член 1

 

            Се објавува интерен оглас, за пополнување на   испразнето раководно работно место– Уредник на програма – Информативна програма на Прв програмски сервис на МТВ, кое е предвидено во Правилникот за систематизација на работни места на јавниот радиодифузен сервис Македонска радиотелевизија со Табеларен приказ на работните места бр.02-3773/1 од 20.07.2012 година, Правилникот за измена и дополнување бр.02-93/1 од 08.01.2013, Правилникот за измена и дополнување бр.01-3718/2 од 11.06.2014 и Правилникот за измена и дополнување 01-7328/1 од 04.11.2014 година.

 

            Кандидатите што ќе се пријават на огласот треба да ги исполнуваат општите услови предвидени во Законот за работни односи и посебните услови за вршење на работата предвидени во Правилникот за систематизација на работни места на јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија, и тоа:

  • ВСС-VII/1 или стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС
  • Најмалку 5 години работно искуство во новинарството
  • Активно служење со еден светски јазик
  • Самостојно работење со компјутерски програми потребни за извршување на задачите на тоа работно место
  • Аудио визуелни способности

 

Неделното работно време на Уредник на програма се утврдува со работните задачи кои одговараат на полното работно време од 40 часа неделно.

Основната плата изнесува 27.804,00 денари.

Кандидатите се должни да достават пријава со приложување на докази за исполнување на условите на работното место, да достават програма за работа и  кратка биографија – CV.

         Право да се пријават на овој оглас имаат вработени во ЈРП МРТ кои имаат статус на даватели на јавни услуги согласно Законот за вработени во јавен сектор и Законот за јавни претпријатија

 

Се мотивираат вработените кои се заинтересирани да се пријават на огласот.

         Интерниот оглас ќе биде објавен на огласната табла на МРТ и на ВЕБ страната на МРТ.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 8 (осум) работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето), а потребните документи се доставуваат до Директорот на МРТ, преку архивата на МРТ.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.