Игран филм

СОВРШЕНА ЦЕЛ

Сабота (01.04.2017) 23:05

САД, 2007

Режија: Антоан Фукуа
Улоги: Марк Валберг, Дени Гловер, Кејт Мара, Мајкл Пена
​Жанр: акција/трилер/криминалистички

Еден снајперист кој води осамен живот е вовлечен во смртоносна теорија на заговор. Кога работите при една мисија на американската војска во Етиопија земаат несакан тек, нивниот најдобар снајперист Боб Ли Свегер е оставен на милост и немилост во непријателската земја. Разочаран од власта и од вредностите на американската војска, тој исчезнува без трага, в шума, и започнува осаменички живот далеку од реалноста. Три години подоцна го пронаоѓа полковник Ајсак Џонсон и го моли да се врати во службата за да го спречи атентатот на американскиот претседател. Нему му останува малку време да го открие заговорот во кој се вмешани лица од владата од повисок ранг.

„Совршена цел” е интелигентен трилер кој нè тера на размислување, кој нè фасцинира со неочекуваните заплети и адреналински сцени.