СООПШТЕНИЕ- Централен регистар на Република Македонија

04.02.2016 12:10

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Ве известуваме дека Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва, на својата веб-локација, www.crm.com.mk, на 29.1.2016 година објави Преглед на трговци поединци и трговски друштва над кои спроведува постапка за бришење согласно член 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2015 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2014 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање согласно со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/уплатиле основачкиот влог. Времетраењето на објавата на списокот ќе трае до 29.1.2017 година.

На посочената веб-локација, покрај списокот, е објавен и текот на постапката за бришење по претходно споменатите основи, согласно одредбите во Законот за трговските друштва.

Централниот регистар на Република Македонија сè до истекот на законскиот рок за објава ќе врши редовно ажурирање на објавениот список на тој начин што од истиот ќе ги отстрани трговците поединци и трговските друштва кои ги отстраниле причините поради кои биле ставени на списокот како и оние кои по објавата на списокот се избришани од трговскиот регистар по пат на стечај, по пат на ликвидација или согласно член 18 од Законот за трговските друштва.

 

Со почит,

Централен регистар на Република Македонија