Младите каратисти со рекордни 6 медали на Европското првенство

08.02.2016 16:20

Кадетот Абдурахим Идризи ја почна жетвата трофеи со сребрен медал во ката. Покрај него колекцијата ја дополнија уште 5 бронзени медали, а што е најзначајно Макeдонија имаше подиуми и во сите возрасни категории.

Македонските каратисти продолжуваат да жнеат успеси на големите натпреварувања. Експресно по враќањето од вчера завршеното 43. Европско првенство во Лимасол имаа прием кај директорот на АМС и одржаа прес конференција. Кадетот Абдурахим Идризи ја почна жетвата трофеи со сребрен медал во ката. Покрај него колекцијата ја дополнија уште 5 бронзени медали, а што е најзначајно Макeдонија имаше подиуми и во сите возрасни категории. Од тој аспект најголема тежина има бронзата на Азис Исмаил во У21 категорија до 75 килограми, што е негов втор европски медал по среброто за кадети во Нови Сад 2011 година.

Сличен сјај има и екипната бронза на женскиот ката тим, кој уште еднаш го потврди квалитетот по среброто на С П во Џакарта. Континуитетот го продолжи и Моника Пендаровска која во својата финална јуниорска година дојде до својата трета бронза, а Петар Спасеновски до својот прв европски медал.Конечно, кај кадетите Столе Смилковски го најави својот потенцијал, за рекорден број трофеи од континенталните настани, остварен во конкуренција на каратисти од 48 земји. Што е најважно, оваа генерација покажа дека има потенцијал да го сонува олимпискиот сон, доколку се остварат се погласните најави дека каретето ќе биде на програмата на ОИ во Токио 2020 година.