Конкурс за фестивалот „Цветници“ 2016
Македонската Радио Телевизија распишува конкурс за избор на оригинални, новосоздадени авторски песни во духот на македонската фолклорна музичка традиција, коишто ќе бидат изведени на фестивалот „Цветници“ 2016- та.
-Песните коишто ќе бидат испратени на конкурсот, треба да бидат во духот на македонската мелопоетска традиција, со текст на македонски јазик, со задржани ритмичко-мелопоетски структури, со слобода за современи хармонски и аранжерски авторски решенија.
-На конкурсот учествуваат комплетни авторско– изведувачки тимови, со композиции снимени како квалитетна демо снимка со вокал кој добро ќе ја изразува музичко – текстуалната смисла на композицијата, и текст во три примероци, на аудио ЦД формат.
-Еден авторско изведувачки тим може да учествува на конкурсот со повеќе композиции.
-Вкупното времетраење на композициите не смее да надминува 4 минути, а истите не смеат да бидат претходно изведувани или снимени на носач на звук.
-Македонската Радио Телевизија го задржува правото на прво јавно изведување на песните со Големиот Народен Оркестар, како и издавање на композициите коишто ќе бидат примени на конкурсот.
-Секоја композиција селектирана на конкурсот, ќе добие финансиски надомест од 42.000 денари за комплетниот авторско– изведувачки тим распределена по 25 % за музика, текст, аранжман и изведувач на композицијата.
-Фестивалот „Цветници“ 2016, ќе има натпреварувачки карактер, при што за конечниот пласман одлучуваат гласовите на телевоутинг и стручно жири во сооднос 50:50 %. Победничката композиција ќе биде наградена со сума од 600.000 денари, второплсираната со сума од 450.000 денари и третопласираната композиција на фестивалот со сума од 300.000 денари распределена по 25% за музика, текст, аранжман и изведувач на композицијата.
-Право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.
-Песните за конкурсот со демо снимка на ЦД, во затворен коверт, се испраќаат по пошта на адреса: Македонска Радио Телевизија, со назнака ЗА ФЕСТИВАЛОТ „ЦВЕТНИЦИ“ 2016, бул. „Гоце Делчев“ број 18, 1.000 Скопје, или се доставуваат директно во архивата на ЈП МРТ.
-Конкурсот трае од 8-ми февруари до 25-ти февруари 2016- та година.
-Материјалите пристигнати на конкурсот, МРТ нема обврска да ги враќа на авторите.