Скијање велеслалом - Светски куп (м)

Пинтуро побрз од Хиршер во Хинтерштодер

26.02.2016 20:14

Трет беше Французинот Томас Фанара, а четврти Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој како единствен конкурентен на Хиршер за големиот кристален глобус има 203 бода помалку.

Французинот Алексис Пинтуро влезе во победничка серија, беше побрз од Марсел Хиршер, но Австриецот има контрола на лидерските позиции во Светскиот скијачки куп и во велеслалом. На седмиот сезонава во австријски Хинтерштодер, Пинтуро ја оствари четвртата победа или 13-та во кариерата и тоа со 79 стотинки подобар резултат од Хиршер.

Трет беше Французинот Томас Фанара, а четврти Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој како единствен конкурентен на Хиршер за големиот кристален глобус има 203 бода помалку.

Пинтуро, пак, од петтата се искачи на втората позиција во велеслалом со 151 бод негатива во однос на Хиршер.