Скијање

Крај на сезоната за Линдѕи Вон

02.03.2016 19:56

Повредата на стапалото е доволно сериозна за Вон да не сака да ризикува подолга пауза и отсуство од Светското првенство следната година.

Иако на осум трки до крајот на Светскиот куп е лидер во генералниот пласман, а во пресрет на последните два  супервелеслалома, прва во оваа дисциплина, американската скијачка, Линдѕи Вон сепак реши предвреме да ја заврши сезонава.

Повредата на стапалото е доволно сериозна за Вон да не сака да ризикува подолга пауза и отсуство од Светското првенство следната година. Сепак, сезонава нема да мине без трофеј за 31-годипшната Вон која го освои малиот кристален глобус во спуст.