Тенис Дејвис куп - 3 група Европска зона

Македонија подобра од Ерменија

02.03.2016 19:59

Во првата фаза, во групата од четири селекции на турнирот во естонски Талин, нашите тенисери стартуваа со сигурна победа против Ерменија.

Нема да биде едноставно, но македонските тенисери  ќе се обидат  да биде меѓу двете најдобри во конкуренција на 14 репрезентации и да се пласираат во Втората група од Европската зона на Дејвис купот. Во првата фаза, во групата од четири селекции на турнирот во естонски Талин, нашите тенисери стартуваа со сигурна победа против Ерменија.

3:0 за нашите тенисери, откако не загубија сет ниту во еден дуел. Димитар Грабул славеше со 6:4 и 6:0 против Микајел Качатрјан, додека Томислав Јотовски со 6:4 и 6:2 го совлада Микајел Аветисјан. Иако мечот во двојки беше формалност, Грабул и Јотовски потврдија дека се за класа подобри од Аветисјан и Хенрик Никогосјан и триумфираа со 6:1 и 6:4.

Македонија утре ќе игра против Албанија којашто загуби од Република Ирска со 3:0. Многу веројатно дуелот  в петок меѓу нашите и ирските тенисери ќе решава за пласман во полуфиналето. Само двете репрезентации коишто ќе стигнат до финалето ќе ја напуштат третата група од Европската Дејвис куп зона.