Нова велеслаломска победа на Пинторо, Хиршер останува лидер во СК

04.03.2016 20:14

24 -годишниот Французин триумфира со 47 стотинки подобро време од второпласираниот австриец Филип Шерхофер а трет беше неговиот сонародник МАрсел Хиршер кој задоцни 69 стотинки зад победникот.

Алексис Пинторо сезонава ја постигна својата четврта победи едноподруго во Крањска Гора, Cлoвенија. Во неговата омилена дисциплина постигна најдобар резултат по првото возење и предноста рутински ја задржа по второто, по што стигна до својата 15 победа во кариерата а 4 по ред сезонава. 24 -годишниот Французин триумфира со 47 стотинки подобро време од второпласираниот австриец Филип Шерхофер а трет беше неговиот сонародник МАрсел Хиршер кој задоцни 69 стотинки зад победникот.

Во поредокот во велеслалом Хиршер остана на првата позиција, сега со 621 бод или само 91 повеќе од Пинторо, но затоа во генерален пласман Хиршер ја зголеми предноста пред конкуренцијата, каде води со 1425 поени, 293 повеќе од Норвежанецот ХЕнрик Кристоферсон.