Хиршер победи на машкиот слалом во Крањска Гора

06.03.2016 21:20

27 годиншниот австриски ас беше најдобар и во слаломот и ја постигна својата 8 сезонава а 39 победа во кариерата...

Марсел Хиршер триумфално го комплетира викендот во Крањска Гора, Словенија. Откако победи на вчерашниот велеслалом, 27 годиншниот австриски ас беше најдобар и во слаломот и ја постигна својата 8 сезонава а 39 победа во кариерата. Норвежанецот Хенрик Кристоферсон беше најблиски до него со 81 стотинка заостанување, а Италијанецот Стефано Грос беше трет со секунда и 11 стотинки зад победникот.

Хиршер вчера го обезбеди малиот кристален глобус со триумф во велеслалом, а на најдобар пат е да триумфира по 5 пат во генерален пласман каде што е лидер со 1625 бода, пред Кристоферсон со 1272. За утеха, норвешкиот скијач е најдобар во слалом со 811 поени, или 111 повеќе од Хиршер.