Борење - Европско првенство - Рига (Летонија)

Елиминиран и третиот македонски борач, Реџалари

10.03.2016 19:14

Јасин Реџалари немаше среќа со извлекувањето на противниците во категоријата до 61 килограм и уште на стартот се соочи со актуелниот олимписки и светски првак, како и сребрен од претходниот континентален шампионат...

Иако Европското првенство во летонска Рига беше генерален тест за олимписките квалификации и третиот од четворицата македонски борачи брзо беше елиминиран. Јасин Реџалари немаше среќа со извлекувањето на противниците во категоријата до 61 килограм и уште на стартот се соочи со актуелниот олимписки и светски првак, како и сребрен од претходниот континентален шампионат, Грузиецот Владимир Хинчегашвили и загуби со технички нокаут, 10:0. И во репесажот, противникот на Реџалари беше поквалитетен, па европскиот првак до 23 години, Ерменецот Валодја Франгуљан победи со 17:8.

Вчера, Дејан Митров во категоријата до 65 килограми беше поразен од Украинецот Семен Радулов, а Могамедгаџи Нуров до 97 килограме беше елиминиран од Германецот Ерик Свен Тиле кој потоа освои бронзен медал.

Утре како последен од нашите борачи ќе настапи Бобан Данов во категоријата до 125 килограми.