Музички

СТИСНИ ПЛЕЈ

Петок, 18:15

Стисни Плеј е емисија која ги третира најновите случувања од домашната музичка сцена.

Ова е емисија за сите квалитетни и талентирани, млади или веќе докажани музички имиња. Емисијата отстапува простор за промоција на видео спотови, песни, најава за концерти, фестивали и сл.

Емисијата има и неколку рубрики, како на пример „Што слушав на 16?“, преку која се прави ретроспектива на музиката која ја слушале наши познати јавни личности кога тие имале 16 години, или Некогаш и Сега, преку која се потсетува на музичките почетоци и кариера на домашните пејачи, преку бројните архивски снимки на МТВ.

Преку рубриката 100% Евросонг, во Стисни Плеј, гледачите ќе имаат можност ексклузивно да ги дознаат најновите информации за претстојното издание на Евровизија и учеството на Македонија на овој најгледан музички настан во Европа.