Дали е можен нов пристап на ЕУ кон Балканот?

17.03.2016 15:52

Во услови на јасна позиција на Унијата околу проширувањето, на земјите од регионот им преостанува да го анимираат граѓанскиот сектор и тој да помогне кон остварување на целта – реализација на рефомскиот процес и членство во европското семејство...

Иако анализите покажуваат дека Македонија на ниво на реформски развој е понапред од земјите од опкружувањето, сепак, повпечатлива е динамиката со која Србија и Црна Гора одат напред – вели вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими.

Професори и истражувачите сметаат дека граѓанскиот сектор, преку силата на критиката, може да го турка општеството напред.

Еден од заклучоците на конференцијата за европскиот пристап кон Балканот е дека владеењето на правото, демократските принципи и зголемувањето на транспарентноста на јавните финансии се клучни услови за забрзување на евроинтегративниот пат.

 

Анита Димитријевска