Скијање - Светски куп

Втори места и супер џ трофеи за Килде и Гут

17.03.2016 19:40

Со по една победа, второ и трето место, 23-годишниот Килде собра 40 бода повеќе од Јансруд. Денеска прв беше Швајцарецот Фојц. Најдобрите во сите дисциплини се познати, исто како и шампионот во Светскиот куп и тоа петта сезона по ред, Австриецот Хиршер.

Со поделбата на второто место на завршниот супревелеслалом во швајцарски Сент Мориц со сонародникот Јансруд, некогашниот јуниорски светски првак Килде го освои првиот пехар во сениорската кариера и тоа малиот кристален глобус во супер џ.

Со по една победа, второ и трето место, 23-годишниот Килде собра 40 бода повеќе од Јансруд. Денеска прв беше Швајцарецот Фојц. Најдобрите во сите дисциплини се познати, исто како и шампионот во Светскиот куп и тоа петта сезона по ред, Австриецот Хиршер.

На вкупната победничка во женска конкуренција, Швајцарската Гут и беше важно да биде веднаш зад Вајрајтер од Лихтенштајн за да го освои вториот супер џ трофеј во кариерата. Вајрајтер триумфираше, но со второто место Гут остана на  дистанца од 41 бод.

За последниот мал кристален глобус и тоа во велеслалом во конкуренција се Австријката Брем и Германката, Ребенсбург.