Превц триумфално “долета“ на Планица за крај на најдоминантната сезона во историјата

20.03.2016 19:34

За двојна радост на Словенците се погрижи Роберт Крањец, а трет беше Норвежанецот Форганг.

Петер Превц ја круниса сезоната со 15 рекордна победа на легендарната Планица, со што придонесе за огромна радост на цела Словенија . Победи со летови од 238 и 241,5 метри и притоа во финалната серија добри максимални оценки 20 од тројца судии, како потврда за неговиот речиси перфектен стил. Тоа беше момент за историја во овој спорт, во кој старо новиот шампион дојде до 15 победа во една сезона, нешто што никогаш претходно не се случило. За двојна радост на Словенците се погрижи Роберт Крањец, а трет беше Норвежанецот Форганг.

Превц е роден да биде голем шампион, а тоа го докажа со одбрана на титулата во уште подоминантно издание. Со своите 23 години и со стил кој е близу до перфекција, покрај рекордните победи во една сезона, освои 2303 поени што е нов рекорд во генерален пласман, а триумфира убедливо и во ски скоковите и во ски летовите откако преходно доминираше на Новогодишната турнеја, каде што победи на 3 од 4 скокалници.