Цинцов и Дарвас најдобри во првиот ден на “Мавровскиот меморијал“

22.03.2016 15:41

Бугаринот Веселин Цинцов беше единствен кој ги мина 10 км за помалку од половина час. Победи со 29 мин 42 сек, што е за минута и 2 секунди побрзо во однос на второпласираниот Раул Попа од Романија, а трет е Србинот Дамир Ратиќ.

Со трките на 10 км во машка и на 5 км во женска конкуренција заврши првиот ден 53 издание на  Мавровскиот меморијал, традиционален натпревар во скијачко трчање што се одржува во спомен на загинатите градители на ХЕЦ Маврово. Бугаринот Веселин Цинцов беше единствен кој ги мина 10 км за помалку од половина час. Победи со 29 мин 42 сек, што е за минута и 2 секунди побрзо во однос на второпласираниот Раул Попа од Романија, а трет е Србинот Дамир Ратиќ. Нашиот најдобар натпреварувач Дарко Дамјаноски е на 5 место, а меѓу 10 најдобри е и Ставре Јада на 7 место.

Романките остварија тројна победа на двојнно покусата патека, каде што Жанет Дарвас беше најбрза со 17,54 пред Николета Соварачи и Аља Кеменес. Од нашите најуспешна Викторија Тодоровска на 14 позиција, а три позиции зад неа е Марија Колароска. На меморијалот учествуваат вкупно 64 натпреварувачи од 7 земји, од кои 34 во машка и 30 во женска конкуренција. Според програмата, утре во 9ч реба да стартуваат натпреварите на истите дистанци 5 км за жени и 10 за мажи, што ќе зависи од временските услови.