Вториот ден од Меморијалот не се одржа

23.03.2016 16:57

Обилниот дожд и јужниот ветар го избришаа снегот од патеката Мирна Долина, по што делегатот донесе одлука да ги откаже трките на 5км во жени и на 10км за мажи.

Временските услови го спречија организаторот да ги одржи натпреварите од вториот ден на 53 Мавровски меморијал, традиционален натпревар во скијачки трчање. Обилниот дожд и јужниот ветар го избришаа снегот од патеката Мирна Долина, по што делегатот донесе одлука да ги откаже трките на 5км во жени и на 10км за мажи. Денес се одржа прогласувањето од вчерашните натпревари, каде што најдобар беше Бугаринот Веселин Цинцов, а кај девојките Романката Жанет Дарвас. Од нашите забележителни пласмани имаа Дарко Дамјаноски на 5, ио Ставре Јада на 7 позиција.

Ова беше последна трка во рамките на “Балкан купот“ на ФИС, каде што сезонава Цинцов е победник, а Хрватката Малек е најдобра во женска конкуренција. Учествуваа вкупно 64 скијачи, од кои 34 во маѓка и 30 во женска конкуренција. Мавровскиот меморијал е една од најстарите спортски манифестации во Македонија и една од оние ссо најдолга традиција во  регионот, а се одржува во спомен на загинатите градители на ХЕЦ Маврово.