Играна серија

ЦРНАТА ЛИСТА

Вторник, 21:45

Млада агентка на ФБИ е вовлечена во таинствените планови на еден генијален криминалец.
Дејството на оваа возбудлива серија го следи Рејмонд „Ред“ Редингтон, поранешен агент на американската влада, а сега е еден од најбараните светски криминалци. По 20 години живот во сенка, Рејмонд одеднаш се појавува во седиштето на ФБИ и смирено се предава. Но, не го прави само тоа. Тој изработува таканаречена Црна листа, попис на најопасните светски криминалци, и подготвен е истиот да го предаде на агентите на ФБИ. Но, Рејмонд поставува само еден услов- да соработува со младата агентка Елизабет Кин.
За улогата на Ред Редингтон во „Црна листа“, Џејмс Спајдер е номиниран за Златен Глобус во 2014 и 2015 за најдобар главен артист во серијата, а во 2014 серијата е добитник на престижната Еми награда.