Бизнис билтен

21.08.2013 13:35

Рејкјавик – Исландските вилењаци и глечери помагаат во зајакнување на економијата на таа земја по нејзиниот неуспешен излет во светот на меѓународното банкарство, наведе агенцијата Блумберг. Откако во 2008 година по колапсот на трите најголеми банки, нејзината економија остана во урнатини, Исланд се враќа на корените на својот стопански раст: Рибарството и привлекувањето на туристи со помош на глечерите и вулканите. Локалното население исто така се враќа кон исландскиот фолклор, богат со приказни за вилењаци и самовили, за да привлечат пари од странство.
Рејкјавик – Исландските вилењаци и глечери помагаат во зајакнување на економијата на таа земја по нејзиниот неуспешен излет во светот на меѓународното банкарство, наведе агенцијата Блумберг. Откако во 2008 година по колапсот на трите најголеми банки, нејзината економија остана во урнатини, Исланд се враќа на корените на својот стопански раст: Рибарството и привлекувањето на туристи со помош на глечерите и вулканите. Локалното население исто така се враќа кон исландскиот фолклор, богат со приказни за вилењаци и самовили, за да привлечат пари од странство. Благодарение на падот на круната од околу 90 отсто до 2007 година, напорите почнаа да донесуваат плодови. 
 
Вашингтон – Најзадоволни работници на светот се Холанѓаните, за зад нив се Американците, иако многу вработени во САД воопшто и не користат годишен одмор. Интересно е дека ниту едните ниту другите не можат да се пофалат со голем број на платени неработни денови, а сепак се лидери во задоволството. Дури 80 отсто од анкетираните вработени Холанѓани се многу задоволни и 73 отсто Американци, иако во голем број нивните работодавци и не ги плаќаат за времето кое го поминуваат на годишен одмор, пишува американскиот весник Атлантик Магазин. 
 
Берлин – Порано германските компании за производство на телевизори беа водечки во светот, пишува Дојче веле. Но, денес на пазарот се присутни само уште две: Мец и Леве. Тие се борат со конкуренцијата и прашање е дали ќе преживеат. Германските производители на телевизори Мец и Леве имаа свои подобри времиња. Посебно Леве сега мора да се соочи со големи проблеми како што е драстичниот пад на продажбата и финансиски проблеми. Таа компанија пред неколку недели мораше да предаде и барање за помош од државата. Тоа значи дека во следните три месеци таа компанија и понатаму ќе остане во рацете на таа фирма, но на чело на управата ќе дојде лице кое на таа позиција ќе го постави судот, т.е. државата. Таа фаза ќе трае три месеци, а фирмите на кои Леве им должи пари, уште толку ќе мораат да почекаат на исплата на парите. 
 
Загреб – На главните загрепски плоштади наскоро ќе се забрани поставување на реклами и рекламни паноа на зградите. А веќе поставените треба да се отстранат најдоцна до пролетта идната година. Тоа го предложи загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ, а ако градското собрание го прифати предлогот, ќе биде забрането поставување на реклами и рекламни паноа на кровните површини, на страните од зградите и фасадното скеле на Плоштад бан Јосип Јелачиќ и Плоштад Петар Прерадовивиќ, освен рекламните натписи на фирмите во приземјето. 
 
Љубљана – Во десет банки во Словенија, вклучувајќи ги и тие во државна сопственост, ќе се спроведе проверка и ќе се прегледа квалитетот на средствата, објави словенечката Централна банка. Со тоа се исполнува препораката на Европскиот совет од јуни оваа година. Со претставници на централните банки и министерствата за финансии, во комисијата која ќе ја следи проверката на состојбата во банките ќе има мониторинг и од Европската комисија, Европската централна банка, како и од Европската канцеларија за надзор на банки. 
 
Вашингтон – Најголемиот светски производител на платина, американската фирма Амплатс од Јоханесбург, планира да затвори 6.900 работни места во рударската дејност во Јужноафриканската Република. Отказите ќе ги дели почнувајќи од септември оваа година. Во соопштението компанијата наведе дека точниот број на откази ќе зависи од доброволното заминување од фирмата, одењето во пензија и интерните прераспределби. 
 
Доха – Катар во Египет испорача течен природен гас, иако Доха на Каиро упати критики поради репресијата над поддржувачите на симнатиот претседател Мухамед Мурси. – Откако во почетокот на август Египет ја доби првата испорака, новиот танкер го напушти Катар на 9 август – јави државната агенција КНА. 
 
Париз – Француската нафтена компанија Тотал, филијала во Габон, откри ново наоѓалиште на гас во текот на истражувањето во длабоките води, на стотина километри од брегот на Габон. Во соопштението на Тотал, една од водечки приватни нафтени компании во светот, се наведува дека дополнителните анализи ќе го утврдат вистинското значење на ова наоѓалиште, но дека секако очекуваат зголемен интерес на фирмите од секторот за оваа земја, пренесе францускиот весник Капитал.