Формула 1

ГП Бахреин без тројниот победник Алонсо

31.03.2016 19:22

Лекарскиот тим на Светската асоцијација процени дека тројниот победник во Бахреин, Алонсо не е здравствено подготвен по инцидентот на трката во Австралија.

Пилотот на Мекларен, Френандо Алонсо не доби дозвола од ФИА да вози на единствената формула трка на Блискиот исток, ГП на Бахреин. Лекарскиот тим на Светската асоцијација процени дека тројниот победник во Бахреин, Алонсо не е здравствено подготвен по инцидентот на трката во Австралија. Шпанецот се уште има проблеми со дишењето, па зтоа ќе ја пропушти трката на којашто триумфираше трипати, во 2005-та, 2006-та и во 2010-та, но како возач на Ферари.

На негово место во болидот на Мекларен ќе седне дебитантот, Белгиецот Штофел Вандорн кој минатата сезона беше првак во Формула 2 шампионатот.

Преносите на МРТ - собранискиот сервис од вториот Ф1 викенд ќе бидат во 17 часот, квалификациите в сабота, Бахреин гран - при трката, в недела.