Најава за возбудлив викенд во Шангај

15.04.2016 13:47

Од досегашните 12 трки во Кина на 7 победувал возачот што е на пол позиција, Хамилтон доаѓа како најуспешен во кратката историја со 4 победи од кои две на последните две трки, но и со сознанието дека и покрај двата пола на стартот на сезоната не само што не победи туку и е притиснат од сериозната негатива од 17 поени во однос на Росберг и казната од 5 места.

Најдобрите времиња на двоецот на Ферари Раиконен-Фетел на вториот слободен тренинг, казната од 5 места на стартот за промена на менувачот на актуелниот шампион Хамилтон, враќањето на стариот систем и можноста за дожд во квалификациите како и атрактивната патека во Шангај се најава за возбудлив Ф1 викенд на кинеското гранд-при.

Фактот што 80 насто од 5 и пол- те километри дизајнирани од Тилке на патеката во Шангај се под свиоци, а еден од двата долги правца овозможува и брзини над 330 километри на час го прават сериозен изборот на сет-апот на болидите, а пукањето на пневматиците на Маса и Магнусен на првиот слободен тренионг што му припадна на Росберг, дополнително го зголемуваат притисокот кај тимовите за правилниот избор на стратегијата.

Од досегашните 12 трки во Кина на 7 победувал возачот што е на пол позиција, Хамилтон доаѓа како најуспешен во кратката историја со 4 победи од кои две на последните две трки, но и со сознанието дека и покрај двата пола на стартот на сезоната не само што не победи туку и е притиснат од сериозната негатива од 17 поени во однос на Росберг и казната од 5 места.

Алонсо ги извозе тренинзите во очекување на конечната дозвола од докторите  да настапи во Шангај по сериозниот инцидент во Мелбурн и според перфомансите на Хонда може заедно со Батон да се надева на влез во завершниот дел од квалификациите, иако временските разлики на сите што се зад Мерцедес и Ферари се исклучително мали, па се очекува голема битка за секоја позиција.

Кој на која во квалификациите и на трката ќе видиме утре од 9 часот кога ќе почне битката за пол и в недела од 8 кога е стартот на кинеското гранд при.  Преносите се на првиот програмски сервис на МРТ.