Росберг од пол, Хамилтон од „пит“

16.04.2016 11:32

Враќањето на стариот систем квалификации и на делови влажната патека во Шангај ја донесоа посакуваната возбуда,неколку инциденти и атракција за гледачите.

Росберг од пол,Хамилтон од последната позиција на старот,Риакрдо на Ред Бул веднаш до Росберг и веднаш зад нив двоецот на Ферари раиконен –Фетел од вториот ред во пресрет на трката за големата награда на КИна.

Враќањето на стариот систем квалификации и на делови влажната патека во Шангај ја донесоа посакуваната возбуда,неколку инциденти и атракција за гледачите.

ИЗлетувањето на Верлејн уште на почетокот ги пролонгира квалификациите, Хамилтон сврте неколку кругови, но ја изгуби моќта во моторот и не постави време па утре ќе стартува од последната позиција,а Росберг најави голема битка со болидите на Ферари.Во финишот на вториот дел од сесијата хулкенберг го изгуби предното тркало,оневозможувајќи ги Маса ,Алонсо,Батон и Гросжан да извозат брзи кругови за влез во завршниот дел од квалификациите во кој Мерцедес беше принуден од Ферари да ги покаже вистинските можности.Росберг прво постави најбрзо време на меката компонента,возвратија со одлични времиња Раиконен и Фетел на супер меката па во завршните секунди Росберг мораже да притисне на суперсофт и дефинитивно да ја открие разликата од половина секунда во однос на Рикардо,Раиконен и Фетел.Меѓу првите 10 на стартот пласман обезбедија и Ботас,Квјат,Перез,Сајнц,Верстапен и Хулкенберг кој можеби ќе се соочи со казна по испаќањето на тркалото.

Убава најава за возбудлива трка што ќе стартува утре од 8 часот со пренос на првиот програмски сервис на македонската телевизија.