Три од три за Росберг

17.04.2016 10:59

Онаму каде што застана германецот на крајот на минатата продолжи во новата сезона за вкупно 6 последовни победи и зголемување на разликата во поредокот на возачите во однос на Хамилтон на убедливи 36 поени.

Три од три за Росберг во новата сезона. Онаму каде што застана германецот на крајот на минатата продолжи во новата сезона за вкупно 6 последовни победи и зголемување на разликата во поредокот на возачите во однос на Хамилтон на убедливи 36 поени.

Гран Прито на Кина донесе интересна трка,со неколку инциденти ,многу претекнувања и најава за интересно продолжување на сезоната во Сочи на први мај.

Уште на старот Росберг го загуби првото место од Рикардо,но брзо го врати и ги искористи проблемите на сите зад него за чиста соло трка и убедлива победа во Шангај.

Инцидентот на старот за што подоцна Фетел го обвини Квјат доведе до контакт меѓу возачите на Ферари кои стартуваа од вториот ред,по што Раиконен мораше во боксот ,а Фетел загуби многу позиции.Сепак германецот успеа да се избири за втората позиција  на крајот,а место на пиедесталот имаше и за обвинетиот Квјат кој истакна дека сепак тоа е тркање и секој го користи слободниот простор на патеката.

Прогресот на Ред Бул го потврди Рикардо со пласман на 4-тата позиција, а на 5-тата и 6-тата се пласираа Раиконен и Маса.

Хамилтон стигна до 7-то место иако стартување последен по неуспешните квалификацио  и принудниот бокс веднаш по стартот,додека во поени влегоа уште и Верстапен ,Сајнц и Ботас.

Многу акција,претекнувања и инциденти без посериозни последици,се поголема израмнетост и битка за секоја позиција во Кина како најубава најава за возбудлива ф1 сезона во продолжение.