Надал по 9-ти пат триумфира во Монте Карло

17.04.2016 19:00

Надал во својот 10-ти меч за трофејот по 9-ти пат го освои монденскиот турнир, а со 28 -от освоен Мастерс му се придружи на Ѓоковиќ на врвот на вечната листа. Тоа беше негов 100-ти финален АТП меч, во кој ја освои својата 68 титула.

Рафаел Надал по кој знае кој пат докажа зошто е “крал“ на земјените терени. Триумфално го заврши финалето во Монте Карло со 6 :0 во решавачкиот сет против Гал Монфис, откако во претходните два беше 7:5, по еднаш за шпанецот и за французинот. Надал во својот 10-ти меч за трофејот по 9-ти пат го освои монденскиот турнир, а со 28 -от освоен Мастерс му се придружи на Ѓоковиќ на врвот на вечната листа. Тоа беше негов 100-ти финален АТП меч, во кој ја освои својата 68 титула.

Монфис третпат играше Мастерс финале и третпат остана без титула. И пред мечот знаеше дека нема многу шанси, затоа што во меѓусебните дуели со Надал има само две победи а го доживеа 12 пораз а на земја петтиот во исто толку мечеви.