Рио 2016

Запален олимпискиот оган

21.04.2016 17:55

Слично како и во 776-та година пред нашата ера со помош на сончеви зраци, со молитва на Аполон и на Зевс, со сечење на маслиново гранче се одржа церемонијата на палење на олимпискиот оган во пресрет на 31-те игри.

Со мали исклучоци, традицијата опстојува 12 века, во древна Олимпија запален е олимпискиот оган, симболот на игрите што ќе се одржат во  бразилски Рио де Жанеиро од 5 до 21 август.

Слично како и во 776-та година пред нашата ера со помош на сончеви зраци, со молитва на Аполон и на Зевс, со сечење на маслиново гранче се одржа церемонијата на палење на олимпискиот оган во пресрет на 31-те игри.

Европскиот првак во гимнастика Елефтериос Петрунијас беше прв носител на олимискиот пламен којшто до 27 април ќе мине низ поголемиот дел на Грција, па дури и во еден од бегалските кампови.

Како што е традицијата, на 95 дена до почетокот на Олимписките игри, значи на 5 мај, ќе стартува патешествието на оганот во земјата домаќин, Бразил. Олимпискиот факел ќе мине околу 16 илјади километри со авион и 20 илјади километри во рацете на околу 12 илјади  луѓе. Ќе престојува во 58 поголеми и во уште 500 помали градови се до крајната цел свеченото отворање на Маракана на 5 август. Во текот на 18-те дена олимпискиот оган нема да остане на стадионот туку ќе биде во центарот на Рио.

Околу 10.500 спортисти од досега најмногу 206 национални комитети ќе се натпреваруваат во рекордни 28 спортови. Македонската телевизија е сопственик на ексклузивните права за преноси од Олимписките игри во Рио.