Повторно Соопштение до изведувачите и авторите кои се избрани со одлука за избор во IV квартален конкурс 2015 година

26.04.2016 11:43

Се известуваат изведувачите и авторите кои се избрани со одлуката за избор во IV квартален конкурс 2015 година,  кои сеуште не ги потпишале Договорите за регулирање на правата и обврските за IV квартален конкурс дека во периодот од 26.04.2016 година до 28.04.2016 година во термин од 10,00 часот до 15,00 часот, ќе се врши потпишување на Договорите за регулирање на правата и обврските за IV квартален конкурс во просториите на МРТ - Сектор за правни работи и човечки ресурси, II кат, зграда на Македонско Радио, канцеларија 205 и 206.

Доколку избраните учесници не се јават за потпишување на Договорите во наведениот период во точно назначеното време во просториите на МРТ, истите ќе им бидат доставени на адресите наведени во апликациите.

 

Сектор за правни работи и човечки ресурси на ЈРП Македонска Радиотелевизија