Бизнисмени од Ирак во Македонија

28.01.2014 09:11

Бизнисмени од Ирак денеска ќе се запознаат со можностите за инвестирање и со потенцијалите за водење бизнис во Македонија. Стопанската комора на Македонија, во соработка со Трговско-индустриската комора на Сулејманија, Северен Ирак, денеска организира Македонско-ирачки бизнис-форум, со цел воспоставување билатерални деловни контакти со ирачки и македонски компании, кои би биле потенцијални деловни партнери.

Компаниите од Ирак се заинтересирани за увоз и дистрибуција на разни видови македонски производи на ирачкиот пазар, прехранбени производи и пијалаци, земјоделски производи, козметички и фармацевтски производи, метален комплекс, градежништво и градежни материјали, индустриска опрема, трговија на производи за широка потрошувачка, мебел, транспорт, туризам...

Стопанската комора соопшти дека делегацијата доаѓа од Сулејманија, град со 1,6 милиони жители од Северен Ирак – Курдистан, област со 6,6 милиони жители, без царинско подрачје и широка автономија.