Тенис - Ролан Гарос

Мареј губи од Штепанек

23.05.2016 22:34

Во Париз се стемни, па мечот беше прекинат при водство на највозрасниот на 115-от Ролан гарос, 37-годишниот Штепанек со 2:1 во сетови. Второрангираниот Мареј се врати од 0:2 и во четвртиот сет има брејк предност и 4:2 во гемови.

Фаворитите се предизвик за секого, па британскиот тенисер Енди Мареј засега избегна елиминација уште на стартот на вториот тениски грен - слем сезонава, Ролан Гарос. Причина е мотивираниот Чех, Радек Штепанек.

Во Париз се стемни, па мечот беше прекинат при водство на највозрасниот на 115-от Ролан гарос, 37-годишниот Штепанек со 2:1 во сетови. Второрангираниот Мареј се врати од 0:2 и во четвртиот сет има брејк предност и 4:2 во гемови.

Уште еден чешки тенисер, Лукаш Росол  намачи голем фаворит, третиот и актуелен шампион, Станислас Вавринка. Иако двапати губеше, Швајцарецот успеа во пет сета да го елиминира 59-от тенисер во светот.

Големо изненадување е поразот на десетиот носител Марин Чилиќ од Хрватска кој со 3:1 загуби од 166-ти на АТП листата, Марко Трунхелити. За да дебитира на главниот турнир, Аргентинецот мина три квалификациски кола.

Од топ десет фаворитите, петтиот, Јапонецот Кеи Нишикори со 3:0 го заврши вчера прекинатиот  дуел со Италијанецот, Симоне Болели.. Без загубен сет славеа и осмиот, Канаѓанецот Милош Раониќ против Србинот, Јанко Типсаревиќ и деветтиот, Ришар Гаске од Франција во дуелот со Бразилецот, Томаж Белучи.