Тенис - грен - слем

Без сензација на женскиот Ролан Гарос

23.05.2016 22:36

Финалистката од 2014-та, Симона Халеп од Романија и препушти само два гема на Јапонката, Нао Хибино. Вимблдонската финалистка, а во сега во Париз четврта фаворитка, Гарбине мугуруза од Шпанија со пресврт, со 2:1 ја совлада Ана каролина Шмјелдова од Словачка.

Без сензационален резултат во вториот ден од првото коло на тенискиот грен – слем, Ролан гарос. Втората фаворитка, Агњешка Радванска од полска со 6:0 и 6:2 беше подобра од Србинката,  Бојана Јовановски.

Финалистката од 2014-та, Симона Халеп од Романија и препушти само два гема на Јапонката, Нао Хибино. Вимблдонската финалистка, а во сега во Париз четврта фаворитка, Гарбине мугуруза од Шпанија со пресврт, со 2:1 ја совлада Ана каролина Шмјелдова од Словачка.

Неочекувани се поразите на двете Италијанки, на  седморангираната, Роберта Винчи, 2:0 од Катерина Бондаренко од Украина, како и на Сара Ерани која иако финалистката во 2012-та во Париз, овојпат не беше меѓу фаворитките. Подобра од неа во два сета беше Бугарката, Цветана Пиронкова која во 2010-та играше во финалето на Вимблдон.