Економска промоција на Македонија во Индија

28.01.2014 12:27

Македонска владина делегација која учествува на интернационалниот Самит организиран...

Македонска владина делегација која учествува на интернационалниот Самит организиран од најголемата стопанска комора на Индија (КИИ), на кој учествуваат повеќе од  1.000 компании и претставници на 24 земји од регионот оствари повеќе средби со владини претставници на Индија.

На официјалната средба со федералниот министер за индустрија и трговија, Ананд Шарма, беше истакнато значењето на економската промоција на меѓународниот бизнис и развивање на глобалната трговија.

Делегацијата оствари повеќе официјални средби со највисоките претставници на индиската влада и беше поканета на свечена вечера организирана од шефот  на државата Карнатака, Сидарамаиах.

Македонската делегација е предводена од Министерот Џери Наумоф и  министерот Иво Ивановски, а во нејзин состав е и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо, Тони Атанасовски, новоназначениот амбасадор за Индија, како и Васил Димовски, шеф на Кабинетот на министерот Наумоф.