Игран филм

СВЕТСКА ВОЈНА З

Недела (15.01.2017) 23:05
САД, 2013

Режија: Марк Форестер
Улоги: Бред Пит, Деде Гарднер, Џереми Клајнер, Ијан Брајс, Миреј Енос
Жанр: акција/драма/хорор

Приказната за филмот „Светска војна З” настанала како постапокалиптична хорор новела на славниот сценарист и писател Макс Брукс.
Холивудската супер ѕвезда Брет Пит се јавува во главната улога во овој  високобуџетен хорор, во кој зомби апокалипсата ќе го доведе до работ на уништување.
Еден обичен ден Гери Лејн и неговото семејство ќе се најдат сред голем сообраќаен застој. Поранешниот истражител на Обединетите нации Лејн насетува дека не се работи за обичен метеж. На небото летаат полициски хеликоптери, по улиците дивеат мотории, а во градот одеднаш настанува хаос.

Од некоја непозната причина луѓето почнуваат дивјачки да се напаѓаат едни со други поради убиствениот вирус што се шири само од едно гризнување и ги претвора здравите поединци во нешто непрепознатливо и животинско. Сосед напаѓа сосед, а странец кој претходно сакал да помогне некому, одеднаш станува опасен непријател. Не се знае како се појавил вирусот и бројот на заразените рапидно се зголемува секој ден. Се случува светска пандемија. Секоја нација, секое оружје и секоја војска ќе се „дигне“, бидејќи последната надеж за спас е -  војна!