97 милиони евра заем од Банката на Советот на Европа за Македонија

28.01.2014 12:32

Управниот одбор на Банката за равој на Советот Европа, како што не извести амбасадорот на Република Македонија ...

Управниот одбор на Банката за равој на Советот Европа, како што не извести амбасадорот на Република Македонија при постојаната мисија на Република Македонија во Советот на Европа, Петар Поп Арсов и додели заем на Република Македонија во висина од 97 милиони евра, јавува дописникот на МРТВ од Стразбур.
 
Заемот од 97 милиони евра е доделен по барање на Владата на Република Македонија, кој треба да послужи за продолжување на модернизацијата на здраствениот систем на земјата и подобар пристап до него.
 
Заемот ќе треба да биде искористен и за реновирање на клиниката „Мајка тереза“ од Скопје и регионалната клиничка болница во Штип.
 
Овие амбициозни проекти ќе го прошират пристапот до здраствените услуги и нивен поголем квалитет, со подобрување  на условите за работа на околу две илјади вработени во овие здрастевни установи.
 
Заемите на Банката за проектите предложени од 41 земји членки се даваат по многу поволни услови и тие се следат во нивното извршување од страна на Банката.
 
Тони Гламчески