Тенис грен - слем

Рафаел Надал се повлече од Ролан Гарос

27.05.2016 22:35

Шпанецот објасни дека и покрај медикаментите, повреден го одиграл вториот меч, но состојбата на зглобот на раката била се полоша, а болките поголеми, па затоа донел ваква одлука.

Неочекувана вест од Париз, но не од теренот, рекордерот со девет титули, Рафаел Надал се повлече од вториот тениски грен - слем, Ролан Гарос. Шпанецот објасни дека и покрај медикаментите, повреден го одиграл вториот меч, но состојбата на зглобот на раката била се полоша, а болките поголеми, па затоа донел ваква одлука.

Откажувањето на Надал условно им ја олеснува задачата на фаворитите, како на пример на вториот, Мареј кој имаше само мали проблеми против сервис - бомбардерот Карловиќ и тоа во третиот сет којшто го доби во тај брејк. Истото важи и за актуелниот шампион, Вавринка кој како трет фаворит во три сета го совлада Шарди. Петторангираниот, Јапонецот Нишикори со 3:2 славеше против Вердаско и во осминафиналето ќе игра со деветиот носител, Гаске. Французинот со 3:0 беше подобар од Кирјос. Победа без загубен сет оствари и осморангираниот, Канаѓанецот Раониќ и тоа против Мартин.

Кај дамите, иако е 108-ма на ВТА листата, Роџерс со 2:1 ја совлада десетата фаворитка, Квитова. Американката која го оствари најголемиот успех на Ролан Ггарос, двата сета ги освои без загубен гем. Второрангираната Радванска од Полска со 2:1 беше поуспешна од Штрицова, четвртата Мугуруза од Шпанија со 2:0 беше подобра од Викмаер. На Романката Халеп како шеста фаворитка и беа потребни три сета за да ја елиминира Осака.