СООШТЕНИЕ ДО ИЗВЕДУВАЧИТЕ И АВТОРИТЕ КОИ СЕ ИЗБРАНИ СО ОДЛУКАТА ЗА ИЗБОР ВО I КВАРТАЛЕН КОНКУРС 2016 ГОДИНА

03.06.2016 14:16

Се известуваат изведувачите и авторите кои се избрани со одлуката за избор во I квартален конкурс 2016 година дека во периодот од 06.06.2016 година (понеделник) до 10.06.2016 година (петок) во термин од 11,00 часот до 14,00 часот, ќе се врши потпишување на Договорите за регулирање на правата и обврските за I квартален конкурс 2016 година..

Сите избрани учесници се повикуваат во наведениот период во точно назначеното време да се јават во просториите на МРТ - Сектор за правни работи и човечки ресурси, II кат, зграда на Македонско Радио, канцеларија 206.

Сектор за правни работи и човечки ресурси на ЈРП Македонска Радиотелевизија