НБА - финале

Голден Стејт - Кливленд 104:89 (1:0)

03.06.2016 19:01

Откако ја донесоа својата екипа во финалето, Стеф Кари и Клеј Томсон подзастанаа во првиот меч, но кошаркарите од клупата на шампионот постигнаа 45 поени...

Минатата сезона Голден Стејт во НБА финалето беше подобар од Кливленд со 4:1, Кавалирс сега се посилни за Ирвинг и за Лав, но сепак го загубија првиот натпревар со 104:89. Разликата од 15 поени е превисока затоа што Кливленд три периоди беше рамноправен противник, но Вориорс заслужено поведоа со 1:0.

Откако ја донесоа својата екипа во финалето, Стеф Кари и Клеј Томсон подзастанаа во првиот меч, но кошаркарите од клупата на шампионот постигнаа 45 поени, за разлика од гостинските кои реализираа само 10. Најефикаен беше Шон Ливингстон со 20, најкорисниот играч на ланското финале, Андре Игудала покрај тоа што одигра добра одбрана на Леброн Џејмс додаде и 12 поени, додека Леандро Барбоса постигна 11 и тоа без промашување. Кари остана на скромни 14, а Томсон на девет.

Кај Кавалирс, Кајри Ирвинг реализираше 26 коша, на Леброн му недостигаше само асистенција за „трипл - дабл“ со 23 поени и 12 скока, додека Кевин Лав постигна 17 коша.

И вториот натпревар ќе се одигра во Оукленд ноќта меѓу недела и понеделник, а потоа серијата со два меча ќе се пресели во Кливленд.