ДЗС: Раст на нето- платата во ноември 2013

28.01.2014 15:02

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен ...

Просечната месечна исплатена нето-плата  по вработен во ноември минатата година е зголемена за 0,9% во споредба со истиот период од 2012 година и изнесува 21.054 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи на повисокиот износ  на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 6,2%, „транспорт и  складирање“ за 5,3% и „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 3,6%.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември во однос на октомври, е забележано во секторите „рударство и вадење камен“ за 8,8 %, „снабдување со вода, отстранување на отпадни  води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 6,3% и „градежништво“  за 4,2%.

Просечната бруто-плата по вработен во ноември 2013 изнесува 30.902 денари.

Во истиот период лани, 2% од вработените во Македонија не примиле плата.