Сеуште невоспоставен надзорот врз европските банки

28.01.2014 16:18

Оперативното спроведување на Единствениот надзорен механизам...

Оперативното спроведување на Единствениот надзорен механизам за банките е централна тема на Советот на министрите за финансии на Европската Унија што денеска се одржува во Брисел.
 
- Целта ни е да промовираме отворање на нови работни места и економски раст во Европа, за доброто на европските граѓани, преку подобра кординација на политиките и продлабочувањето на монетраната и банкарската унија. Денеска ке имаме брифинг со преседавачот на Мегународната Конференција за банкарската Унија, како и со  преставниците на Европскта Централна Банка за обезбедување на единствениот надзорен механизам, изјави Јанис Стурнарас, министер за финансии на Грција.

Инаку уште пред две години Европската Комисија усвои два предлога за воспоставување на единствен надзорен механизам за банки, предводена од страна на Европската централна банка.
 
Тие подразбираат регулатива со цел Европската централна банка да остане супервизор над кредитни институции во евро-зоната и преставуваат придружен предлог за регулирање на европскиот банкарски орган кој пак има цел да обезбеди рамнотежа во донесување одлуки меѓу државите на еврозоната и на тие кои не се.
 
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник на МРТ од Брисел