Се изнајмува суперјахта за 700.000 евра неделно

16.06.2016 11:40

Таа може да прими 150 гости и 45 членови на екипажот, кои на гостите им обезбедуваат исклучителна услуга.

Ако имате вишок 700.000 евра можете да ја изнајмите најголема суперјахта во светот, која е во приватна сопственост. Тоа е цена за седум дена  користење на овој луксузен брод. Јахтата Лорен Л. е долга 90 метри, а е во сопственост на компанијата „Титан Брокер“.

Таа може да прими 150 гости и 45 членови на екипажот, кои на гостите им обезбедуваат  исклучителна услуга.

Екипажот исто така е на располагање за пружање ексклузивни излети на некои од најегзотичните локации. Јахтата нуди многу луксузен одмор, а може да се изнајми за 700.000 евра неделно, без ДДВ.

Исто така може да се пофали и со приватен хелиодром, теретана и спа центар, како и со врвен бар на палубата во рамки на коју се наоѓа и просторот за сончање и платформа со џакузи. Јахтата Лорен Л. има спектар на крстарења од 3.400 наутички милји и брзина на крстарење од 15 јазли. Во текот на летото може да се најде на релација од Медитеранот, Карибите, Панама, Бразил и Костарика.

Поседува повеќе од четири палуби со вкупно 20.000 квадратни метри. Некои апартмани се големи од 1.200 квадратни метри, а вклучува и балкон, дневен престој, најнов систем за забава, брачен калифорниски кревет, гардеробер, пространа бања со спа када...

Бродот има уште десет луксузни соби за гости на горната палуба, а сите се опремени со мултимедијални пакети за забава и минибарови. Постојат уште пет двокреветни кабини на главната палуба. Во главниот салон гостите можат да уживат во автентичниот стил и да се опуштаат со коктели во барот, додека слушаат клавир.

Исто така има и детска игротека и елтина теретана, која има извонредна понуда на спортска опрема.