Олимпијада

Рио и околу него

25.07.2016 14:26

И Македонија во пресрет на Рио мина низ свои конроверзи! МОК беше ставен на ветрометина, околу тоа дали Марко Блажевски треба да патува втор пат на Игрите, без исполнета „А“ норма или не? Блажевски стана дел листата на патниците и во јавноста излета воздишката на олеснување!Но, неговото учество воопшто нема да ја смени сликата за квалитетот на македонскиот олимписки тим...

Единаесет дена не делат од завршното олимписко одбројување  на Маракана!Така било и порано, и  Рио  не може да ги одмине контроверзите како претходница на Игрите.

„Спортистите ќе уживаат во на светски начин подготвените борилишта, ќе бидат сместени во велелепното олимписко село со убав изглед и максимални услови за претстој...“-се пофали градската врхушка на Рио! Неочекуваниот демант пристигна од  првите жители , од една  од најмногубројните делегации на Австралија! Влегоа и веднаш го напуштија олимпиското село! „Ова не се услови достојни за Олимписки игри. Вода тече по ѕидовите, и тоа во близина на електричните инсталации, локви вода на патосот, не работи светлото во ходниците ...додека ова не се реши, ние одиме во хотел“- вели шефицата на австралиската делегација со над 400 членови!

Допинг аферата, врзана за спортистите од Русија и натаму силно тресе! „Разочарувачка е одлуката на Меѓународниот олимписки комитет, да ја префрли надлежноста врз пооделните спортски асоцијации околу тоа кој од руските спортисти може да учествува на Игрите„- е реакцијата на претставниците на светската анти-допинг агенција, ВАДА!Имено, претседателот на ИОК ,Томас Бах порача дека треба да се најде баланс помеѓу „колективната вина“ и „поединечната правдина“! Анти-допинг агенцијата смета дека во овој најважен момент во битката за чист спорт и интегритет на Игрите, ИОК одбива да превземе порешително лидерство.

И Македонија во пресрет на Рио мина низ свои конроверзи! МОК беше ставен на ветрометина, околу тоа дали Марко Блажевски треба да патува втор пат на Игрите, без исполнета „А“ норма или не? Блажевски стана дел листата на патниците и во јавноста излета воздишката на олеснување!Но, неговото учество воопшто нема да ја смени сликата за квалитетот на македонскиот олимписки тим.Имаме шест олимписки маргиналци!Долгогодишна наша реалност!Атина,Пекинг,Лондон, Рио...4 Олимпијади   со покани за учество!Се одбегнува прашањето зошто е тоа така?Никој не споменува  зошто и натаму нашите базени се во заложништво на поединци, зошто толку  малку се искористени  атлетските патеки,зошто за некогаш трофејното борење олимписките хоризонти  стануваат се подалечни...!Можеби сега не е време за отворање на овие теми!

В петок во Скопје, МОК ќе ја организира официјалната промоција на 6 члената наша олимписка експедиција!Ќе им посакаме се најдобро!