Олимписки игри

Рио сиромашен за Федерер

27.07.2016 20:36

Роџер Федерер го откажа настапот во Рио бидејќи нема доволно време да се опорави по операцијата на коленото...

Олимписките игри ќе бидат сиромашни за уште една голема спортска ѕвезда. Овојпат причина не  е ниту допингот, ниту вирусот зика, Роџер Федерер го откажа настапот во Рио бидејќи нема доволно време да се опорави по операцијата на коленото. На препорака на лекарите, Федерер кој освои сребро во сингл во Лондон и злато во Пекинг во тандем со Вавринка ќе го пропушти и преостанатиот дел од сезоната.

Во трка со времето по повредата на раката на Ролан Гарос е и Рафаел Надал кој засега е пријавен во поеднична и во конкуренција на мешани двојки со Мугуруза

Од подоброрангираните на АТП листата учеството на Олимпијадата досега го откажаа и Бердих, Раониќ, Тием, Иснер, Кирјос и Лопез, а кај тенисерките Халеп и Азаренка.