Кошарка

Трајковски надвор од македонската репрезентација

27.07.2016 20:40

Бојан Трајковски не се вратил во репрезентацијата којашто се подготува за квалификациите за Европското првенство, па селекторот Драган Раца веќе не смета на него...

Нема добри македонски кошаркарски вести, откако добил слободен ден поради приватни причини, Бојан Трајковски не се вратил во репрезентацијата којашто се подготува за квалификациите за Европското првенство, па селекторот Драган Раца веќе не смета на него.

Кошаркарот којшто ги покрива нејдефицитарните позиции, четири и пет, не образложува дали има некоја непозната причина за ваквиот потег.