Најскапите смартфони обложени со мермер, дијаманти и кожа од алигатор

04.08.2016 13:35

Кога се во прашање паметните телефони со висок квалитет, секако дека понудите на Самсунг и Епл делуваат најпривлечно, но проблемот е во тоа што многу луѓе имаат мобилни токму од овие компании.

Ако имате пари повеќе од што има жители во вашата држава, тогаш веројатно ви треба телефон кој ќе го имате вие и само мал број богати среќници. Овие убавци се изработени од најнеобични материјали, а често се украсени и со злато или дијаманти.
 
Кога се во прашање паметните телефони со висок квалитет, секако дека понудите на Самсунг и Епл делуваат најпривлечно, но проблемот е во тоа што многу луѓе имаат мобилни токму од овие компании.
 
За голема жал богатите корисници на Епловите паметни телефони, овие телефони работат со оперативниот систем Андроид, бидејќи Епл не дозволува на други производители користење на iOS.
 
Всушност овие паметни телефони имаат исти спецификации како и телефоните кои ги користат „обичните смртници”, со само неколку дополнителни ексклузивни спецификации, а многу од нив само убаво изгледаат.
 
Можеби сепак телефонот обложен со дијаманти и со кожа може да помогне на потенцијален купувач да ги занемари обичните спецификации на паметен телефон.