Противниците губат, импулс за самодоверба

28.08.2016 18:16

Натпреварувачкиот систем треба да овозможи наша конкурентност за првите две позиции, а со тоа и за пласман, особено што противниците на Македонија не можат да се пофалат со добра форма во подготвителниот период.

Македонската кошарка ќе се обиде да остане во друштвото редовни учесници на континенталните собири. Со многу персонални промени и подновен состав во којшто млади и репрезентативно недокажани играчи ќе ја имаат главната улога, нашиот национален состав ќе ја почне квалификациската кампања за Евробаскетот наредната година.

Натпреварувачкиот систем треба да овозможи наша конкурентност за првите две позиции, а со тоа и за пласман, особено што противниците на Македонија не можат да се пофалат со добра форма во подготвителниот период. Според некои параметри, Велика Британија треба да биде фаворит во групата, но таа загуби на пет тест мечеви во последните две седмици.

На турнирот во Коимбра тесно од Португалија и од Германија, а потоа со двоцифрена разлика од Словенија во Љубљана и од Холаднија на домашен терен. Се разбира дека ова не мора ништо да значи, но може да биде импулс за самодоверба во црвено-жолтиот табор пред првиот настап против Луксембург, в среда во Кавадарци.

Ако против аутсајдерот во групата размислуваме за две победи, логично е да се очекува дека против Британците и Унгарците треба да го пробиваме патот до шестиот настап на европските шампионати. Исто како нас, и Унгарците загубија од Црна Гора во текот на подготвките, и тоа двапати убедливо, а тесно со половина кош ја совладаа естонија.

По натпреварот со Луксембург, Македонија ќе гостува во Велика Британија, па ќе ја пречека Унгарија со којашто ќе ги затвориме квалификациите, на гости на 17-ти септември.