Холивудските ѕвезди во новиот календар на „Пирели“

30.08.2016 12:04

Сликите за новото издание на календарот ги направи германскиот моден фотограф Петер Линдберг, кој работеше со „Пирели" и во 1996 година и 2002 година...

Добитничката на „Оскар" Никол Кидман и Џулијан Мур се само дел од ѕвездите кои го красат календарот на „Пирели" за 2017 година

Сликите за новото издание на календарот ги направи германскиот моден фотограф Петер Линдберг, кој работеше со „Пирели" и во 1996 година и 2002 година.

На Календарот за 2017 година се најдоа некои од најголемите ѕвезди на Холивуд.

Пред објективот на Линдберг позираа и Пенелопе Круз, Хелен Мирен, Ума Турман, Робин Рајт, Лупита Нионго, Алиша Викандер, Кејт Винслет, Руни Мара, Џесика Частеин, Шарлот Рамплинг, Жанг  Ции и Леа Сејду.

Целта на фотографот е да ја разобличи лажната претстава за убавина, наметната од индустријата.

Компанија „Пирели" го издава култниот календар уште од 60-тите години на минатиот век. Тој се дава во ограничен тираж на привилегирани партнери и пријатели на фирмата.