Десетта сезонска победа за Барселона во Примера

31.10.2013 15:30

Актуелниот шампион Барселона синоќа успеа да ја постигне 10.та победа во Шпанското фудбалско првенство

Актуелниот шампион Барселона синоќа успеа да ја постигне 10.та победа во Шпанското фудбалско првенство. На гостувањето во Виго кај Селта, Барселона славеше со 3:0, а головите ги постигнаа: Алексис Санчез во 9.минута, Јоел Родригез (автогол) во 48.минута и Цеск Фабрегас во 55.минута. 
 
На отворањето на 11.коло на Примера, Еспањол и Малага одиграа без голови – 0:0. 
 
Денеска се играат натпреварите: Валенсија – Алмерија, Ваљадолид – Реал Сосиедад, Осасуна – Рајо Ваљекано и Реал Мадрид – Севиља. 
 
Во четврток ќе биде комплетиран овој круг од Примеа со дуелите: Гранада – Атлетико Мадрид, Виљареал – Хетафе, Атлетик Билбао – Елче и Бетис – Леванте. 
 
Табела: Барселона 31 бод (натпревар повеќе), Атлетико Мдрид 27, Реал Мадрид 22, Виљареал 20, Атлетик Билбао 19