Попоски на Безбедносната конференција во Минхен

31.01.2014 12:20

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, од денес до втори февруари ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, соопшти Министерството. 
 
Минхенската безбедносна конференција претставува еден од водечките форуми посветени на надворешната и безбедносна политика во глобални рамки. 
 
На неа се очекува учество на повеќе од 300 политички лидери и експерти, кои ќе расправаат за современите безбедносни предизвици и актуелни теми кои се однесувааат на зачувувањето на мирот и безбедноста на глобално ниво.
 
Во рамките на конференцијата, Министерот Попоски ќе земе учество и на работниот ручек во организација на Претседателот на конференцијата Волфганг Ишингер, поранешниот сенатор на САД, Сем Нан, поранешниот секретар за одбрана на Обединетото кралство, Дес Браун и поранешниот Руски министер за надворешни работи Игор Иванов, на кој ќе биде презентиран  предлог Извештајот за градење на заедничка безбедност во Евроатланскиот регион.
 
Министерот Попоски ќе го искористи учеството на конференцијата и за реализирање на повеќе билатерални средби.