Фудбал - Квалификации за СП 2018

Несреќен пораз на Македонија во доигрувањето

06.09.2016 16:14

Македонија не заслужи да биде поразена, затоа што како и во второто полувреме и во денешните 20 минути имаше контрола на теренот. Албанија спасот го бараше и го најде во долгите топки и во центаршутевите кон Балај.

Невремето во Скадар ги извлече Албанците од шокот, кога беа немоќни вчера беше причина за прекин на натпреварот, доигрувањето им донесе победа од 2:1 на стартот на квалификациите за Светското првенство во 2018-та година.

Македонија не заслужи да биде поразена, затоа што како и во второто полувреме и во денешните 20 минути имаше контрола на теренот. Албанија спасот го бараше и го најде во долгите топки и во центаршутевите кон Балај. Во 89-та минута по нафрлувањето на Мемушај, домашниот напаѓач ја искорити невнимателноста на нашата одбрана и со многу среќа го совлада Захов.

Во 92-та минута, Македонија ја оидгра најдобрата акција, но по проигрувањето меѓу Петровиќ и Ристовски, нововлезениот Бесарт Ибраими шутираше во Бериша. До одбиената топка најблиску беше Шиков, но по неправилното заградување и очигледниот контакт на Мемушај, турскиот судија Ѓочек не покажа на белата точка и згреши. А, дефинитивно пенал беше, без дилеми.

Вчера Садику 1:0 девета, Алиоски 1:1 - 51-ва минута, преспиената ноќ очигледно им одговараше на домаќините, фудбалот не признава што ќе беше ако беше, односно натпреварот завршеше вчера. Секој пораз е непријатен, па и овој затоа што нашата репрезентација нема победа на девет квалификациски натпревари. Од ова гостување позитивни елементи има, но за пропустите мора да се најде решени до октомври и дуелите во Скопје, на 6-ти со Израел и на 9-ти со Италија.