Шаховска Олимпијада - Баку 2016

Победи на македонските репрезентации

12.09.2016 20:29

Македонија со 2,5:1,5 беше поуспешна од Египет откако на првата и четвртата табла, Панчевски беше подобар од Амин, а Николовски славеше против Хешам. Чоловиќ ремизираше со Адли, додека Лазов со бели фигури загуби од Амеир. Нашата машка селекција е 52-ра и утре во последното коло ќе игра со Босна и Херцеговина.

Две врзани победи на македонските репрезентации во завршницата на Олимпијадата во Баку. Во претпоследното, десето коло шахистите се славеа против Египет, додека дамите беа подобри од  Таџикистан.

Македонија со 2,5:1,5 беше поуспешна од Египет откако на првата и четвртата табла, Панчевски беше подобар од Амин, а Николовски славеше против Хешам. Чоловиќ ремизираше со Адли, додека Лазов со бели фигури загуби од Амеир. Нашата машка селекција е 52-ра и утре во последното коло ќе игра со Босна и Херцеговина.

Шахистките беа убедливи против Таџикистан со 3,0:0,5. Само Николовска одигра реми на третата табла со бели фигури против Хотами, додека триумфи остварија Стојковска против Антонова, Бејатовиќ  во партијата со Насриддинзона и Манова против Одинаева. Македонија којашто е 56-та утре за противник ќе ја има третата екипа на домаќинот Азербејџен којашто на табелата е на 45-то место.