Средба Заев-Црвенковски-инструкции за лидерство

31.01.2014 19:16

Претседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев на инструкции кај екс-лидерот Бранко Црвенковски

Претседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев на инструкции кај екс-лидерот Бранко Црвенковски. Неофицијално, деновиве се одржала средба на која Заев побарал совети од својот претходник за тоа како понатаму да ја води партијата.Според информациите објавени во некои медиуми, Црвенковски го пофалил Заев за тоа како успешно го одиграле моментот со Наташа Савова, вештачки креирајќи несогласувања во врвот на социјадемократите.Целта на оваа таканаречена “кавга“ всушност била да се креира слика пред јавноста дека во партијата нешто се менува.МТВ побара став од портпаролот Петре Шилегов и детали за средбата на актуелниот и поранешниот претседател на СДСМ.

-Немало таква средба, изненадено возврати Шилегов, портпарол на СДСМ

Дел од медиумите тврдат дека на одржаната средба Црвенковски го советувал својот наследник да престане со негативната реторика за да се избегне впечатокот дека социјладемократите сами се заплеткуваат со контанападите на секоја објавена тема. Црвенковски побарал од Заев да продолжи со практиката едно   пред партијата, а друго пред јавноста за да се добие глас повеќе. Како што пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на извори во СДСМ,Црвенковски му посочил на Заев повторно да почне да пласира тешко остварливи ветувања и популистички мерки. На крај се согласиле дека најдобра опција е комбинирање на методите. Поентата била Црвенковски преку средбата со Заев да даде до знаење дека лично стои зад него и има максимална доверба во својот наследник.

Новинар: Милчо Велески