Фудбал - Квалификации за СП 2018

Македонија по три бода против Израел и Италија

29.09.2016 13:08

И овојпат без младите кои имаат реални шанси за пласман на Европското првенство, но Игор Ангеловски не сака беспотребно да менува и да ја проширува конкуренцијата, па додаде само тројца фудбалери за мечевите во Скопје на 6-ти и на 9-ти следниот месец. Богатинов Од Етнијкос ќе го замени нестандардниот во клубот Димитриевски и со Захов ќе бидат голмански тандем.

Несреќниот пораз од Албанија е архивиран, но како 146-та, за македонската фудбалска репрезентација секој противник е голем предизвик. Особено Италија како четирикратен светски шампион и осма на ФИФА листата, но фокусот во двојниот октомвриски термин во мундијалските квалификации прво е на Израел.

И овојпат без младите кои имаат реални шанси за пласман на Европското првенство, но Игор Ангеловски не сака беспотребно да менува и да ја проширува конкуренцијата, па додаде само тројца фудбалери за мечевите во Скопје на 6-ти и на 9-ти следниот месец. Богатинов Од Етнијкос ќе го замени нестандардниот во клубот Димитриевски и со Захов ќе бидат голмански тандем. Иако селекторот не беше задоволен од дефанзивните реакции при примените голови од Албанија, одбраната останува иста, Шиков, Ристовски, Мојсов, Жута и Ристевски. Мало освожување на средниот ред во којшто се Петровиќ, Стјепановиќ, Спировски, Алијоски, Хасани и Ѓорѓев ќе биде и Трајчевски од Работнички. И Тричковски е дел од напаѓачката петорка иако не е доволно опоравен, а со него и Пандев, Несторовски, Бесарт Ибраими, како и повратникот Јаховиќ од Гезтепеспор. 

Израел којшто иако загуби со 3:1 одигра добро против Италија, беше подобар од Македонија во трите досегашни дуели, мечот со Азурите ќе биде прв меѓусебен, но Ангеловски кој допрва ќе ја избере формацијата и тактиката, очекува бодови.

Двата натпревара на нашата репрезентација вообичано и ексклузивно на Македонската телевизија во терминот од 20 часот и 45 минути.